Во Скопје 10 сообраќајни незгоди, три лица повредени
– Десет сообраќајни незгоди се случиле вчера во Скопје. Во сообраќајките со телесни повреди се здобиле три лица, а во седум е причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, како и еден возач на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл за не користење на заштитен шлем.
Санкционирани биле и 31 пешак кои поминале вон пешачки премин и четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Од сообраќај, биле исклучени вкупно 31 возач, од кои осум кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување и седум возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и 14 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 87 возила непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 68 возила.
Ново на Сител
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
-

Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Мојата чанта вреди 944 денари
-

Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
-

Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
-

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра
-

Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин
-

Песков: Нема потврда дека следната недела ќе се одржи нова рунда преговори за Украина
