Во Скопје 10 сообраќајки, исклучени од сообраќај 32 возачи за брзо возење
Девет лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници, како и четири нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи за не користење заштитен шлем, 22 возачи за не носење сигурносен појас и 23 возачи користеле мобилен телефон за време на управување моторно возило.
Седум пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин и еден кој поминал коловоз на црвено светло.
Затекнати биле 61 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 50 возила.
Ново на Сител
-
Царината запленила 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен | ФОТО
-
Нова акција на МВР во Арачиново, пронајдено големо количество оружје
-
5 клучни работи кои треба да ги проверите, пред да изберете мајстор!
-
Политико: Третата светска војна веќе е во тек - во Украина
-
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-
Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов
-
Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј
-
Лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се сретнат на разговори во Брисел