Во штипско-карбинскиот против пертусис имунизирани над 90 отсто од децата

Центарот за имунизација при Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ Штип работи и втора смена, со што дечињата може да се вакцинираат во периодот од 7 до 19 часот, информираше денеска педијатар Дијана Коцева-Миланова одговорна на вакционалниот пункт во Штип. Таа истакна дека со ова се овозможува на родителите да ги вакцинираат своите деца во текот на целиот ден, а е дел и од препораките на Министерството за здравство, како и зголемениот одзив кај родителите за вакцинација на своите деца.
-Ние како институција ги следиме препораките од Минстерството за здравство и организиравме работа во две смени. Ова на локално ниво за Општина Штип не е толку значајно за растеретување на гужвата за имунизација туку повеќе има за цел достапност на родителите, кои заради едносменското работење не беа во можност да ги донесат дечињата на вакцинација, вели Коцева-Миланова.
Пред прогласувањето на епидемија на град Скопје, опфатот на ревакцинација на 18 месеци во Штип беше 84%, а по прогласувањето на епидемијата родители сами барале вакцинирање на нивните деца, со вакцина која претходно намерно или несвесно била изоставена. Сега овој процент изнесува над 90.
-Што се однесува до процентот на локално ниво можеме да се пофалиме дека за примо имунизација и за втората ревакцина која се прима на седум години е над 90%. Ние послаб одзив имаме за ревакцината на 18 месеци. Причината за послабиот процент на имунизираност за ревакцина на 18 месеци е делумно што родителите сакајќи да ја одолжат вакцината против морбили забораваат или свесно ја одолжуваат и оваа вакцина. По прогласената епидемијана територија на Скопје мора да кажам дека се зголеми нивото на свесност и одоговорност кај родителите за оваа вакцина, вели Коцева-Миланова.
Таа истакна дека потврда за целосна имунизација бараат и во детските градинки, ова се однесува на вакцината против морбили како и ревакцината против голема кашлица.
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
