Во штипскиот регион најголема излезност има во Пробиштип
Најголема излезност во штипскиот регион има во општината Пробиштип, каде што излезноста до 17 часот е 50,82 отсто. Претседателот на Општинската изборна комисија во Пробиштип информира дека на 42 те гласачки места гласале 6.336 гласачи.
Штип како најголема општина бележи излезност од 44,36 отсто. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева за МИА појаснува дека на веб страницата на ДИК се појавуваат бројките на гласачите со посебниот избирачки список, па затоа вкупниот број на гласачи изнесува 41.813.
-До 17 часот имаме 18.548 гласачи кои го оствариле своето право на глас, нема проблеми, избирачките одбори се со сите здравствени протоколи, вели Андреева.
Во Свети Николе до 17 часот гласале 45,53 отсто од вкупниот број на избирачи или на гласачките места излегле 6.634 граѓани. Во малата рурална општина Карбинци се гласа ан 16 избирачки места, таму до сега гласале 1.479 граѓани со право на глас или во проценти 46,42. Изборната единица 3 е рекордер во излезноста до 17 часот на овие предвремени парламентарни избори, излезноста е 43,96 отсто. Право на глас во оваа изборна единица имаат 278.511 граѓани, а досега гласале 122.433 граѓани.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години