Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан денот на Вториот механизиран пешадиски баталјон

Во штипската касарна „Јане Сандански“ денеска свечено беше одбележан Денот на Вториот механизиран пешадиски баталјон.
Командантот на касарната „Јане Сандански“, потполковник Горан Петрушевски во своето обраќање рече дека на денешен ден пред 74 години во селото Митрашинци во општината Берово е формирана 14 Македонска младинска ударна бригада „Димитар Влахов“, а припадниците на Вториот механизиран пешадиски баталјон ги продолжуваат традициите токму на таа славна бригада.
- Денеска Вториот механизирана пешадиски баталјон претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал, обучен и извежбан за завршување на борбени задачи во сите временски и теренски услови и во согласност со стандардите на земјите на НАТО, вели Петрушевски.
По повод одбележувањето на Денот на Вториот механизиран пешадиски баталјон присутни беа и градоначалници од источниот регион, претставници на Сојузот на борците на Македонија и на државни и локални институции.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
