Македонија
25. September 2018 - 13:15

Во штипската болница хоспитализирано уште едно лице со симптоми на труење од виничката сендвичара

Во штипската Клиничка болница на инфективното одделение е хоспитализирано уште едно лице со симптоми на труење, а кое во текот на викендот јадело сендвичи од виничката сендвичара.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека лицето е примено со дијареа и повраќање и е под лекарски надзор.

Инаку, на инфективното одделение со новиот случај бројот на хоспитализирани достигна до осум. Резултатите од земените мостри се уште не се готови и се очекуваат во текот на утрешниот ден, а сендвичарата е затворена