Во Штип за две години продадени 21 парцела за куќи и станбени згради
Во Општина Штип од 2021 до денеска се спроведени 21 постапка за отуѓување на градежно неизградено земјиште, за изградба на станбени згради и куќи, информира раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Штип, Лазар Хаџи Николов. Посочува дека осум од постапките за отуѓување на земјиште се за изградба на станбени згради, а останатите 13 се за индивидуални куќи.
-Во последните две години имаме зголемена продажба на градежно земјиште по основ на отуѓување, по пат на јавно надавање, споредбено со изминатите години. Ние со оваа постапка располагаме од 2011 година и можеме да кажеме дека периозот некаде околу 2014,2015,2016 година исто така беше период се забележуваше тренд на постапки, зголемена продажба на градежно земјиште, од овој тип на објекти, вели Хаџи Николов.
Посочи дека на граѓаните и фирмите им се нуди градежно земјиште во перферните населби на градот, каде што и треба да се шири и развива градот. Во изминатите години најголем дел од продадените парцели се во штипските населби Баби, Дузлак, Сењак и Пребег. Хаџи Николов истакна дека во моментов заради изборите во земјава, кои ќе се спроведат во април и мај стопирана е продажбата на градежно земјиште за изградба на куќи и станови, но по завршување на изборите ќе се понуди земјиште во населбите Дузлак, Автокоманда и Пребег.
Според податоците на Секторот за администрирање на приход во Општина Штип во изминатите две години продадени се повеќе од 650 станови, од кои најмногу предмети за купопродажба имало во 2022, кога биле продадени 400 станови, чија вредност е од 20 до 30 милиони евра. Драган Каров од Секторот за администрирање на приход во Општина Штип, вели дека од купувањето на недвижности за 30 проценти ја зголемиле и наплатата на данок за купопрадажба.
-Во 2022 година имаме обработено најмногу предмети за купопродажба. Точно се 955, од кои 400 се за купопродажба на стан, во 2022 има повеќе продажба на нови станови, отколку на стари. Една четвртина се нови, изјави Каров.
МИА претходно објави дека и агенциите за недвижности бележат зголемена побарувачка за купување. Соња Катарова на 19 февруари за МИА изјави дека колку и да се изградат нови станбени згради, сите станови ќе се продадат. Цената на становите се движи и од 850 до 1.100 , па и 1.200 евра за метар кавдаратен, во зависност од локацијата. Колку станот е со помал толку цената е повисока, оти поголема е и побарувачката.
Ново на Сител
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка
-
Контрадикторен процес за Пендиков
-
Завршува „есенската кошница“ – граѓаните стравуваат од драстичен скок на цените