Во Штип традиционално Светиот крст се фрли на две локации во Брегалница
Во Штип и годинава Светиот крст се фрлаше во водите на реката Брегалница и тоа на две локалции. Во штипско Ново Село трет пат го фати 31 годишниот Антонио Станков, а во населбата „Осми Ноември“ кај камениот мост го фати 18 годишниот Дарио Димитров, за кого ова е прва среќа.
– Скокам повеќе пати, но ова ми трет пат какошто го фаќам. Посакувам здравје, среќа на сите. Чувството е прекрасно и посакувам на сите што скокаат по крстот да го фатат. Во моментов не сум вработен, но прво посакувам пред се здравје, а потоа се друго,вели Станков, кој го фати Светиот крст во Ново Село.
Свештениците порачаа да се спасиме, како што велат, од пеколната болест, а Светиот крст во водите на Брегалница се фрла по една година пауза поради здравствените мерки.

Градоначалникот на Општина штип, Иван Јорданов истакна дека му е мило што се враќа традицијата на овој голем празник.
-Им посакувам на сите оние кои влегоа во водите на реката Брегалница, како и на жителите на Општина Штип многу здравје, среќа, бериќет и успех и Бог се јави, вели Јорданов.
Голем број верници утринава присуствуваа на настанот по повод големиот празник Богојавление- Водици. Над 60 верници скокнаа по Светиот крст и на двете места. Ова е втора година по ред како овој празник се празнува во време на пандемија, но за разлика од минатата година, оваа година традицијата продолжи.
Ново на Сител
-

Трамп упати нова закана до Иран: Внимавајте што ќе се случи денеска
-

Мицкоски во Кочани на почеток на изградба на две улици и на увид на градежни активности
-

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
