Во Штип традиционални Велиденски трки и игри без граници
Околу 400 деца од детската градинка „Астибо“ во Штип денеска учествуваа во Велигденската трка, која се одржа на стадионот во населбата „Баби“. Педагогот во градинката „Астибо“, Бети Симоновска вели дека во трката учествуваат децата од сите клонови во градот.
- Организирањето вакви спортско-рекреативни активности е дел од редовната програма во градинката „Астибо“. Овој крос го организираме за да го одбележиме и празникот Велигден, а инаку секоја година задолжително двапати организираме вакви активности со децата од средна и голема група, вели Симоновска.
Таа забележува дека ваквите спортски активности се важни за правилниот психо-физички развој на децата.
Во штипското Општинско Основно училиште „Гоце Делчев“-Штип денеска децата од одделенска наставата по седми пат беа дел од традиционалните Велигденски игри без граници. Учениците кои учествуваат во овие игри се натрпреваруваат во влечење јаже, носење на јајце со лажица, трчење со врзани очи.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден