Во Штип симболично стартуваше акцијата Ден на дрвото
Општина Штип и детските градинки денеска симболично со садење дрвца во круговите на институциите почнаа со акцијата „Ден на дрвото“. И градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев и ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип, Блажо Боев денеска засадија дрвца.
Градоначалникот Захариев информира дека во околината на Штип утре ќе бидат засадени 160.000 багрем, 2.000 садници од црн бор и околу 500 декоративни дрвца, кои ќе бидат засадени покрај булеварите.
- Акцијата успешно ќе ја реализираме. Би порачал тоа што ќе го посадиме да го сочуваме, да не ги сечиме тие дрвца, да не ги кршиме, бидејќи ние немаме резевна планета, рече Захариев.
Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев истакна дека за важноста на акцијата „Ден на дрвото“ говори самата акција, бидејќи како што рече, дрвата се душата на нашата планета. Вработените од штипскиот универзитет утре масовно ќе се приклучат на акцијата, со што и тие ќе дададт свој придонес.
Ново на Сител
-
Манчестер јунајтед заинтересиран за Јилдиз
-
Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин
-
Градоначалникот на Белград најавува повлекување од политиката
-
Во торбата и пронашле куршуми, уапсена 19 годишна девојка на охридскиот аеродром
-
Поради снегот, повеќе лица заглавени во Општина Студеничани
-
МОН: Децата ни се најважни, инклузијата ја приближуваме до нивните потреби
-
Герасимовски: Сензорни соби во 5 училишта, ангажиравме 50 лични асистенти, бесплатен паркинг за лицата со општетен слух
-
Во мобилната телефонија 1.919.695 претплатници, 449.868 фиксни линии