Во Штип се одбележуваат 148 години од раѓањето на Гоце Делчев
Штип денеска го чествува раѓањето на најголемиот револуционерен деец Гоце Делчев. Во штипско Ново Село на спомен рељефот на зградата, каде што порано учителствувал Делчев, а сега е ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“ беа положени букети цвеќе од делегации и претставници на локалната власт, државни институции, политички партии и од Општиснката организација на Сојузот на борци-Штип.
Во пригодната реч пред спомен рељефот беше истакнато дека Делчев е роден денеска во Кукуш, средното образование го стекнува во машката гимназија во Солун, по што се запишал во Военото училиште во Софија. Во есента во 1894 година добил учителско место во штипско Ново Село, каде што веќе работел револуционерот Даме Груев,а во Штип веднаш почнал со активностите на Внатрешната револуционерна организација и активно се вклучил во проширувањето на организацијата.
Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска го одбележува својот патронен празник, а ректоторот, Блажо Боев истакна дека во текот на 2020 година главен фокус на оваа високообразовна институција, која го носи името на Делчев е трансформација, која ќе биде одржлива и предвилива и којашто нуди иднина на вработените и на студентите.
– Сите реформи, кои универзитетот ги прави се во насока на тоа да се прилагоди на времето, процесите и да се интегрира во Евриопската унија и мислам дека тоа го правиме успешно и Универзитетот за две до три години ќе биде структура, која е многу зајакната, којашто е одржлива, предвидлива, вели Боев.
-Мислам дека неминовно ќе дојде до тоа да мораме да работиме со мали групи, што значи квалитетот мора да дојде до израз, не треба студентите да бидат интерес на институциите во поглед на нивните да кажеме социјални или материјални права. Мислам дека тоа се права на државата и мислам дека професорите треба да го работат она за што се платени, а тоа е квалитетно образование на студентите и да излезат способни граѓани за времето кое е пред нас и за 21 век, вели Боев.
Во зградата на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ се наоѓа и спомен собата на Делчев, во којашто се зачувани клупите, но и други предмети во времето, кога учителствувал Делчев во штипско Ново Село. Посети има од страна на туристи и ученици.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата