Во Штип, Радовиш и Пробиштип минатата година десетмина заболени од туберкулоза
Во Центарот за јавно здравје - Штип во текот на минатата година евидентирани се десет лица заболени од туберколоза, од кои по тројца од Штип и од Пробиштип, а четворица од Радовиш.
Ова денеска го соопшти директорот на Центарот за јавно здравје - Штип, Велик Грков, кој рече дека пациентите од Штип се на возраст од 30 до 49 години, од кои еден маж и две жени.
Според него, не може да се каже дека има зголемување на бројот на лица заболени од туберколоза, бидејќи секоја година се регистрираат по неколку случаи.
- Навистина болеста туберколоза се смета за болест на сиромаштијата, меѓутоа заболените може и да не биле вакцинирани. Има вакцина за туберколоза, па и ревакцина во поодминати години. Туберколозата се лекува, времетраењето е подолго и со комбинација од повеќе лекови. Заболениот ако се излечи, тој создава имунитет, но имунитетот трае како и секое друго заболување, значи не доживотно, рече Грков.
Тој укажа на препораката од страна на епидемиолозите, а таа е членовите на семејствата каде што веќе има болен од туберколоза да се вакцинират, задолжително и да се одржува хигиена за да не дојде до инфекција.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци