Во Штип презентирани новите мерки за самовработување
Центарот за вработување-Штип денеска ги презентираше новите мерки за самовработување пред невработените лица.
Раководителот на Центарот за вработување Лазе Димчов вели дека мерките имаат измени за разлика од изминатите години.
- Мерката самовработување има зголемен ваучер, значи оваа година имаме повеќе средства. Минатата година вредноста во опрема беше 3.000 евра, а сега е 4.000 евра за самовработувањето. Додека кај инвалидните лица, лицата со посебни потреби со оштетен вид и слух мерката самовработување предвидува 270.000 денари и со можност за вработување на две лица, со што за секое наредно лице следуваат средства во опрема од 92.000 денари, вели Димчов.
Тој истакна дека огласот за мерката самовработување тече веќе два дена и се имаат пријавено 10 лица за користење на оваа мерка.
Дарио Трајчев кој денеска присуствуваше на презентацијата вели дека сака да ја искористи мерката самовработување за отварање на сопствена живинарска фарма, бидејќи во штипскиот регион вакви фарми нема во голем број.
Во Штип минатата година 30 невработени лица ја искористиле мерката самовработување и започнале сопствени бизниси.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај