Во Штип почнуваат подготовките за Бадниковата поворка
Почнуваат подготовките за Бадниковите поворки. Поворката за навестување на Христовото раѓање по вторпат ќе се одржи во Штип. Манифестацијата ќе се одржи во недела во 10 часот во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип, а ќе продолжи на Градскиот плоштад „Слобода“. На оваа бадникова поворка може да дојдат сите заинтересирани деца.
– Целта на овие поворки е да ја искорениме паганската традиција со насилната содржина на песните, и да почнеме да ја употребуваме вистинската смисла на песната „Вечниот бог“ во која се опишува раѓањето на богомладенецот. Сите деца кои се заинтересирани можат слободно да дојдат да ја научат песната „Вечниот бог“ и заедно да го прославиме Бадник и воедно да го навестиме раѓањето Христово Божиќ“, рече теологот Панче Здравев.
Инаку денеска православните верници го слават празникот „Свети Игнат“, а за кој се поврзува верувањето дека од денеска почнува да зголемува денот и почнуваат обичаи поврзани со Коледе.
Ново на Сител
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест