Во Штип почнува пријавувањето за гласање на болните и немоќни лица
Болните и изнемоштени лица, кои сакаат да го остварат своето право на глас на 12 декември, ден пред првиот изборен круг за градоначалник на Ошштина Штип од денеска можат да ги доставуваат барањата до Општинската изборна комисија (ОИК), информираше на денешната прес-конференција претседателката на ОИК- Штип, Сенка Андреева. Рокот за доставување завршува на 5 декември, кога и членови на ОИК ќе бидат дежурни до полноќ.
-Општинската изборна комисија работи од 10 до 19 часот, сите оние кои сакаат да пријават член на семејството, кој е болен и немоќен, тоа можат да го сторат во текот на овој период. До ОИК се доставува медицинска белешка, како и од Центар за социјални работи за туѓа нега, лична карта од нив, како и од болниот. Има и полномошно известување, кое се пополнува и се доставува кај нас, вели Андреева.
Дополнително ОИК-Штип и лекар специјалист ги разгледуваат барањата, по што апликантите ќе бидат информирани дали им се примени барањата или се одбиени.
Додека лицата кои се позитивни на Ковид 19 или се во изолација поради контакт со позитивно лице доставувањето на барањето е по електронски пат. Покрај документот кој треба да го симнат од веб страницата на Државна изборна комисија, треба да ги скенираат и личната карта и решението од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Ново на Сител
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен
-
Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд
-
Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Сончево и топло со температура до 43 степени Целзиусови