Во Штип почна манифестацијата „Шарено јајце“
Центарот за култура „Ацо Шопов“, Општина Штип и сите основни училишта почнаа да ја реализираат традионалната манифестација „Шарено јајце“. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Миле Вратеовски на прес-конференција рече дека денеска се реализираше креативна ликовна работилница, во која учествуваа 20 ученици од Основното општинско училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип.
- Манифестацијата „Шарено јајце“ годинава се одржува по седми пат. Во четврток во 10 часот во фоајето на Центарот за култура ќе бидат поставени штандови на кои ќе бидат прикажани креативните велигденски украси и јајца изработени од рацете на децата, вели Вратеовски.
Во рамките на манифестацијата „Шарено јајце“ на учениците и на децата од детските градинки ќе им биде покажана и традиционалната техника на бојадисување јајца.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости