Во Штип по првпат Бадникова поворка
Над 200 дечиња од градот Штип денеска присуствуваа на утринската литургија во Соборниот храм „Св. Никола“, по што беа дел и од првата Бадникова поворка организирана во градот, каде со пеењето на песната „Вечниот бог“ го навестија раѓањето Христово.
Поворката бадникари е на иницијатива на монасите од Бигорскиот манастир и со благослов на митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион. Децата цело време ја пееја песната „Вечниот бог“, а ги прими и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски.
- Денеска на Бадник, ден пред Божик, ме изненадија повеќе од 200 дечиња, коледарчиња, кои што дојдоа да добијат коледарско пакетче. Ние се организиравме од општината и сакам да ја искористам оваа прилика да им посакам на сите деца да бидат здрави и живи, големи да пораснат, а на сите наши сограѓани да им посакам мир и здравје и семејна благостојба, рече Бочварски.
Наставничката по Етика на религија, Жаклина Ѓеоргиева, изјави дека дечињата и нивните родители прифатиле да бидат дел од првата Бадникова поворка, и изрази надеж дека овој настан ќе стане традиција.
- Сите заедно да се радуваме, бидејќи вечер секое семејство се собира заедно и да им посакам на сите многу мир, љубов, почит и добра волја меѓу луѓето. Им благодарам на сите што зедоа учество и верувам дека до сите вас допревме со радост. Се радувам и што нашиот град оваа година првпат се приклучува на овие Бадникови поворки, рече Ѓеоргиева.
Бадниковата поворка во која учествуваа ученици и деца од сите оосновни училишта и градинки заврши на Градскиот плоштад „Слобода“.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ