Во Штип отворен Информативен центар за превенција
Заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков и градоначалникот на Штип Илчо Захариев денеска го отворија Информативниот центар за превенција. Граѓаните кои имаат проблем од каква и да е безбедносна природа, освен во полицијата можат да го пријават и на шалтерот во локалната самоуправа, лоциран во холот на зградата на Општина Штип.
- Последните неколку години во МВР правиме значителни напори за зајакнување на капацитетите во делот на превенција. За таа цел развивме организациски структури и надлежности за развој на системско решение од долгорочен карактер. Значителен дел е насочен кон развојот на превенцијата и развојот на партнерства со локалната сомуправа, со НВО секторот, со граѓаните. И оваа иницијатива е во тој дел и се надевам дека напорите за функционални реформи преку овие надлежности за превентивни механизми ќе ја промени свеста и во МВР, кај полицијата со цел да се разбере дека превентивното делување е клуч за спроведување на законите, вели Чавков.
Штипскиот градоначалник истакна дека соработката со МВР е на високо ниво и дека овој инфо-центар е дополнителен сегмент за уште поголема соработка.
- Секој градоначалник сака мирен град, да нема криминал, семејно насилство, кражби, дрога. Овој потег на МВР е извонреден. Граѓаните ќе доаѓаат двапати во неделата и на овој шалтер ќе ги пријавуваат проблемите, бидејќи и порано се случувало за вакви теми и проблеми да реагираат и до мене. Штип е мирен град, но сепак ова е можност со превенцијата работите да бидат доведени до совршенство, рече Захариев и додаде дека Општина Штип ја поддржува оваа иницијатива на МВР, а очекува резултатот од фунционирањето на Инфо центарот за превенција на крајот да биде позитивен.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата