Во Штип ќе се градат две тениски игралишта

Агенцијата за млади и спорт ќе гради уште две тениски игралишта во Штип. Терените ќе се наоѓаат веднаш до мултифункционалното игралиште во населбата Сењак.
Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов информира дека екипи веќе од денеска започнале со расчистување на теренот по што ќе следи и изградбата на двата тениски терена.
- Со тоа се создаваат услови за формирање спортски комплекс во овој дел на градот, а по завршување на тениските игралишта, локалната самоуправа ќе презеде активности за уредување на преостанатиот простор и негово облагородување како паркова површина со соодветни елементи за одмор и рекреација, изјави Ристов, заблагодарувајќи и се на Агенцијата за млади и спорт за нејзиниот севкупен ангажман за збогатување на градот со спортски терени.
Тој истакна дека во Штип ќе има четири нови тениски терени и дополнително уште неколку кај градскиот базен со што се создаваат услови за формирање на тениска академија, која би била дел од средното образование во Штип, покрај фудбалската паралелка која функционира во рамки на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
