Во Штип и Пробиштип без проблеми се инсталираат новите дигитални водомери
Штип и Пробиштип ги користат гранд средствата од Европската банка за обнова и развој наменети за реалиација на инсфратруктурни проекти во општините за поставување на нови дигитални водомери.
Градоначалникот на oпштина Пробиштип Тони Тоневски денеска изјави дека комуналното претпријатие веќе има заменето 3.000 водомери.
- Во завршна фаза сме со поставувањето на новите водомери со далечинско читање. Тоа е проект кој што има вредност од околу 500.000 евра, вели Тоневси.
Во општина Штип досега се заменети 4.200 водомери од вкупно 11. 500. Директорот на ЈП „Исар–Штип Ангел Бојаџиев истакна дека за замената на старите со нови дигитални водомери ќе бидат искористени 1, 5 милиони евра.
- Ова е голем проект, затоа што ние веќе за 4.000 водокорисници податоците ги добиваме за неполни два часа, овде во нашата база, а исто така знаеме доколку некој водокорисник има проблем со истекување, со казанче, заборавена чешма, благовремено по телефон го известуваме, бидејќи ги имаме податоците и го информираме дека ќе плати голема сметка, затоа што има проблем, рече Бојаџиев.
Тој истакна дека заменети се водомерите на домаќинствата во населбите „Ново село“, „Три чешми“, „Пребег“, улиците во централното градско подрачје и во моментов екипите работат во населбата „Железничка“. Бојаџиев вели дека со поставувањето на новите водомери откриени се и 13 манипулации, односно обиди за вртење на водомерите, а кои се откриваат преку компјутерскиот систем. Екипите на штипското комунално претпријатие веднаш реагираат и водомерите се враќаат во првобитната состојба.
Ново на Сител
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница