Во Штип евидентирани над 430 стечајни работници
Здружението на стечајни работници „Унит“ - Штип на денешната средба со членовите го затвори списокот за евиденција со кој се бара месечен паричен надомест од државата до нивното пензионирање.
Претседателот на штипскиот огранок на „Унит“ Ќемалдин Арсланов рече дека денеска е последен ден за запишување на стечајните работници во списокот, а добра вест е, додаде, и што е потпишан ребалансот на Буџетот со кој се опфатени стечајните работници.
- Со денешната евиденција на спипокот имаме над 430 стечајни работници. Меѓутоа треба да видиме кој од нив се со 15 години работен стаж без прекин и колку ќе отпаднат, изјави Арсланов.
Тој истакна дека паричниот надомест ќе го добиваат до пензионирање, а важноста на законот ќе биде една година. - Ако една стечајна работничка сега има 51 година и 15 години неприкинат работен стаж во поранешните државни стопански објекти, а наредната година до истекот на законот во месецот кога полни 52 години, ќе почне да го добива месечниот паричен надоместок, објасни Арсланов.
Стечајните работници очекуваат поддршка на законот од македонските пратеници.
Ново на Сител
-
Марк Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига
-
Гвардиола го сака Меси во Манчестер Сити
-
Леброн лидер во НБА по најмногу минути игра
-
Кејн утре би можел да се врати во составот на Баерн
-
Лазаров одбра 20 ракометари за Светското првенство
-
Протест на вработени во ЈП „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15
-
Скопјани утрово дишат најзагаден воздух во Европа
-
Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар