Во Шпанија почна процедурата за формирање Влада, мали се шансите Феихо да добие поддршка
Лидерот на главната шпанска десничарска опозициска Народна партија, Алберто Нуњез Феихо денеска го започна говорот во Парламентот како дел од процедурата за добивање поддршка за формирање влада, откако ниту една партија не освои мнозинство на изборите одржани во Шпанија во јули.
Народната партија на Феихо освои најмногу пратенички места на изборите во јули, но досега не успеа да собере доволно гласови за да освои парламентарно мнозинство, иако има поддршка од екстремно десничарската партија Вокс. Дебатата ќе започне денеска, додека гласањето потребно за Феихо да освои апсолутно мнозинство ќе се одржи утре.
В петок ќе се одржи уште едно гласање, на кое на Феихо му треба просто мнозинство. Доколку, како што се очекуваше, Феихо не успее во обидот да добие поддршка, вршителот на должноста шпански премиер Педро Санчез, кој ја предводи шпанската Социјалистичка работничка партија, ќе има рок од два месеци од среда да го даде својот предлог пред да се распушти Парламентот и да распише нови избори.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час