-->
-->
Во сезона на грип, заштитете го својот организам и зајакнете го имунолошки систем
-->
Пред нас се студени денови и особено внимание мораме да посветиме на својот имунолошки систем, кој поради ниските температури и тоа како е загрозен. Болеста која се јавува секоја година во текот на овој период и на која речиси никој не е имун е грипот.
Оваа нималку безопасна болест ги зафаќа сите земји во Европа и опасноста од заболувањето трае околу четири месеци.
Спорадични инфекции се јавуваат и надвор од сезонскиот период. т.е. во топлите месеци, но зачестеноста на заболувањето многу е ниска.
На ширењето на вирусот на грипот позитивно влијае престојот на луѓето во затворени простори и слабата вентилација, што е случај токму во во текот на зимата.
Дека грипот не е безопасна болест зборува податокот дека од него секоја година заболуваат просечно пет милиони лица, а од последиците смртно страдаат се поголем број луѓе.
Вирусот на грип се пренесува преку капките исфрлени во текот на кивањето или кашлањето. Симптомите како што се болки во грлото, суво кашлање, затнат нос, грозница со температура и до 40 степени целзиусови, болки во мускулите и зглобовите, главоболка, губење на апетитот и општа слабост на телото, се јавуваат ден или два откако лицето ќе се зарази.
Често доаѓа и до отежнато дишење.
Доколку нема поголеми компликации, температурата трае три до пет дена, а болеста завршува после седум до десет дена.
Медицинските експерти редовно даваат совети на кој начин да се заштити и зајакне имунолошкиот систем за да не дојде до заболување.
Секој пат после ракување со некого, измијте ги рацете, посветете внимание на одмор на телото и спијте осум часа, хранете се здраво, вежбајте или движете се се повеќе и немојте да престојувате во близина на луѓе кои имаат симптоми на грип.
Исто така, се препорачува да пиете што повеќе течности, особено чај, потоа да јадете лук.
Овошјата како лимонот, портокалот и мандарината кои се богати со Ц витамини му помагаат на нашиот ораганизам во борбата против оваа болест.
Но, ако веќе сте се заразиле со вирусот грип, овие упатства можат да ви користат. Секако одете на преглед, за лекарот ви препише адекватна терапија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен