-->
-->
Во серија напади во Авганистан убиени 58 војници
-->
Најмалку 58 припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени во серија напади што синоќа биле извршени на цела територија на Авганистан, вклучувајќи го и нападот на воената база во Кандахар.
Претставник на авганистанските власти изјави дека во нападот врз базата загинале најмалку 43 лица.
Два самоубиствени бомбашки напади биле извршени во интервал од неколку часа, а убиени се и десетмина напаѓачи.
Одговорноста за нападите ја презедоа талибанците.
Според податоци на авганистанското Министерство за одбрана, во базата во областа Мајванд, кој граничи со провинцијата Хелманд, имало вкупно 60 војници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Антикорупциска нема основ за поведување постапка против директорот на АНБ, Бојан Христовски
-
Отстранети неколку диви депонии во Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром
-
ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ
-
Безбедна водата за пиење во Скопје