Во септември Франција ќе прелдожи идеи за промени во ЕУ
Франција ќе достави во септември идеи за нов импулс во развојот на Европската унија по британскиот референдум за излез од Унијата, објави француската Влада. Тие отфрлаат идеја за склучување нов договор, јавуваат француски медиуми.
Францускиот премиер Франсоа Оланд побара од премиерот Мануел Валс да подготви француски предлог за средбата на високо ниво во септември, изјави портпарол на Владата.
Според него, идеите треба да дадат нов импулс во ЕУ и да „бидат силни идеи, но во исто време да не се бара склучување нови договори“.
Франција ќе ја базира работата врз три принципи: Прашање за заштита на границите, инвестиции и проблеми на младите.
На 16 септември лидерите на 27-те држави од ЕУ ќе имаат неформална средба во Братислава на која ќе ја разгледаат иднината на Унијата.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето