Во СЕП ќе биде најавен старт на изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Почеток на изградбата на делницата Стенковец – Блаце од автопатот Скопје – Блаце ќе биде најавен денеска на прес-конференција во владиниот Секретаријат за европски прашања.
Најавени се обраќања на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, претставник на компанијата и тим лидер на проектот, Мартин Осборн и на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.
Како што беше објавено претходно, на крај на месецов треба да биде објавен тендер за изведувач на работите на првиот дел од автотатот Скопје – Блаце, со вкупна должина од 13 километри и предвидена вредност од 110 милиони евра. Првиот дел е од граничниот премин Блаце до првата спојка кај село Блаце во должина од 1,9 километри, а ќе се гради со државни пари. За останатите 10 километри треба да се обезбеди кредит од Европската банка за обнова и развој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
