Во седум сообраќајки во Скопје повредени седум лица, две потешко

Во изминатото деноноќие во Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди во кои се повредени седум лица. Во две несреќи тешко се повредени еден пешак и еден патник во автобус. Пет лица се полесно повредени во три сообраќајки, тројца од нив биле возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден патник во автобус. Во две од сообраќајките е причинета само материјална штета.
Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, како и осум возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција отстранети се 68 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска со почеток во 11 часот Националното здружение на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ продолжува со мирниот протест пред Владата на Република Македонија. Место на собирање на учесниците ќе биде на паркинг просторот кај СЦ „Борис Трајковски“. Оттука ќе започнат да се движат по бул. „Илинден“ па се до зградата на Владата.
Вториот вонреден настан е со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ каде во рамките на Првата лига ќе се одигра кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и Фени индустри. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталната состојба и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
