Во Сараево казните за не носење маски и на отворено ќе бидат од 250 до 750 евра
Носењето маски во Сараево е исто така задолжително на отворено, а припадници на МВР на Сараевскиот кантон ќе бидат ангажирани за почитување на мерките.
Шефот на полицијата, Џафер Хрват, изјави дека казните за непочитување на наредбите, издадени поради влошување на епидемиолошката состојба, се од 500 до 1.500 км (од 250 до 750 евра). Тој посочи дека полицијата ќе вложи максимални напори да ги охрабри граѓаните да ги почитуваат мерките, но дека тоа не значи дека ќе занемарат други задачи.
„Со наредбата им се наложува на правните лица да обезбедат посебно работно време со цел да се намали метежот во јавниот превоз. Исто така, на основните и средните училишта им е наредено да организираат работа од 7.30 до 9 часот наутро со цел да се ослободи товарот на јавниот превоз. Сите правни и физички лица што имаат повеќе од 20 вработени итно да усвојат план за подготвеност за кризи за организацијата на работата. Се што не е регулирано со оваа наредба е федерално, донесено на 1 октомври“, изјави Алма Кадиќ од Кризниот штаб на Кантонот Сараево.
Понатамошните наредби ќе бидат прилагодени во согласност со проценката на состојбата на Кризниот штаб.
Ново на Сител
-

Две и пол години казна затвор за вработената во МВР што фалсификувала возачки дозволи - Година и три месеци за двајца од возачите
-

Во Скопје изречени казни од над 80.000 евра за несовесно одлагање отпад
-

Грејната сезона почнува на 15 октомври
-

„Директорите треба да внимаваат за што изнајмуваат објекти“ - Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во Македониум
-

Димитриески: Функциите за нас не се најважни - Важна е работата што треба да се заврши
-

Кривичниот суд се соочува со кадровски дефицит - фалат судии, поротници, административци и помошен персонал
-

Специјалци на терен, претреси на околу 30 локации: Во тек голема акција на МВР
-

Верверичките ѝ помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот
