Во руски напад погодена воена локација во регионот Хмелницки
Воена локација во западна Украина е погодена во нов бран руски напади во текот на ноќта, соопштија денеска украинските власти
„Руските трупи погодија неколку локации, вклучително и воена во регионот Хмелницки“, објавија украинските власти преку Телеграм.
Украинската администрација соопшти дека бил предизвикан пожар во складишта за гориво и воена опрема и посочи дека е оштетена пистата за слетување на воениот аеродром.
„Продолжуваат напорите за гаснење на пожарот“, се наведува во соопштението и се додава дека „пет авиони се надвор од употреба“, без да се дадат дополнителни детали.
„Почнати се работите за поправка на пистата“, соопшти украинската администрација.
Не е соопштено дали има жртви во нападот.
Украина ноќеска повторно беше цел на голем руски воздушен напад, соопшти претходно украинската армија.
Началникот на украинската армија Валериј Залужни преку Телеграм објави дека „окупаторите“ нападнале воени цели и важни инфраструктурни цели во Украина и лансирале до 40 крстаречки ракети од авиони над Каспиското Море и „околу 35 дронови“.
Според воената управа на градот, само во Киев се уништени повеќе од 40 воздушни цели.
Тоа беше 15-ти напад врз Киев од почетокот на мај, кога Русија почна да ги засилува нападите врз Украина и особено врз главниот град.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка