Во радовишка Ораовица се градат пешачка патека и мултифункционално игралиште
Во радовишкото село Ораовица се инвестираат 20 милиони денари во изградба на пешачка патека до манастирскиот комплекс Свети Ѓорѓи и во мултифункционално игралиште. Градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов вели дека интензивно се гради пешачката патека од селото Ораовица до познатиот манастирски комплекс Свети Ѓорѓи во должина од еден километар и 700 метри.
- Оваа инвестиција чини околу 10 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Агенцијата за рурален развој. Покрај изградбата на патеката во проектот е предвидено и поставување урбана опрема, како што се клупи, а исто така патеката ќе биде и осветлена, за што ќе бидат поставени и канделабри. Сметам дека со реализацијата на овој проект ќе имаме и подобри услови за развој на турзимот, вели Николов.
Во радовишкото село Ораовица деновиве интензивно се гради и Мултифункционално игралиште, на кое што може да се тренира и игра фудбал, кошарка и ракомет. На ова игралиште има и трибина за околу 500 лица, кои ќе можат да ги следат спортските напревари. Проектот чини околу десет милиони денари. Николов најави дека во едно од најголемите села во радовишкиот регион кон средината на мај ќе се уредува и парк со детски реквизити.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд