Во првото тримесечје над 75 проценти од домаќинствата користеле интернет
Во првото тримесечје од 2016 година, 75.3 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2015 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2016 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72 проценти, а 61 процент го користеле секој ден или речиси секој ден.
Од податоците може да се види дека учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства е зголемено од 69 во 2015 година на 74.7 проценти во 2016 година. Речиси сите (99.2 проценти) домаќинства со интернет-пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.
Во првото тримесечје од 2016 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72 проценти, а 61 процент го користеле секој ден или речиси секој ден.
Мобилниот или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај 81 процент од корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години - 92 проценти.
Седумдесет и седум проценти од корисниците на интернет во овој период употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или од работа, а 19.3 отсто од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци. Мнозинството или 55 проценти купиле облека или спортска опрема.
Речиси половината или 49 проценти од корисниците на интернет во последните 12 месеци немаат дадено лични информации на интернет, додека најдавани лични информации онлајн се податоците за контакт - 37 проценти и личните податоци како име, дата на раѓање, број на лична карта - 33 проценти.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка