Во Приштина издадени 13.000 работни визи од германската амбасада во 2018
Во 2018 година германската амбасада во Приштина издала околу 13 илјади работни визи за граѓаните на Косово, а за 2019 година сè уште нема податоци.
Новиот Закон за миграција на квалификувана работна сила кој го усвои Германија, а кој ќе стапи на сила во март годинава, ја оживеа надежта на ксовоските државјани кои бараат работа во ЕУ затоа што им овозможува на квалификуваните работници со стручно образование од земјите надвор од Унијата лесно да емигрираат во Германија, пишува весникот „Зери“.
„Во текот на 2018 година, германската амбасада во Приштина издала околу 38 илјади визи. Од тие околу 25 илјади визи за краток престој, ткн туристички визи и визи за деловни патувања и околу 13 работни визи“, објави весникот.
Амбасадата очекува трендот на издавање визи за 2019 година да биде приближно ист како 2018 година.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска