Во Прилепскиот регион досега нема најави за продолжувањето на гласањето по 19 часот
Во Прилеп, Кривогаштани и во Крушево досега нема најави за продолжувањето на денешното гласање на локалните избори по 19 часот, информираат од општинските изборни комисии.
Само во општина Долнени засега се знае дека на едно од 40-те избирачки места, во селото Долгаец, гласањето ќе продолжи по 19 часот, поради, како што информираат, прекин на електрична енергија.
Според информациите, процентот на одзивот на гласачите до 17 часот во Прилеп е 52 отсто, во Долнени 46,95 проценти, а во општина Кривогаштани одзивот до 17 часот изнесува 57,96 отсто од запишаните избирачи. Во Крушево, до 18 часот одзивот на гласачите изнесува 68,08 проценти од избирачите.
Досега не се пријавени проблеми за текот на денешното гласање во овие општини од Прилепскиот регион.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит