-->
-->
Во Прилеп спасена стара жена од пожар
-->

Седумдесет и шестгодишна жена е спасена од пожарот што избувнал во нејзината куќа околу 16 часот на улицата „Ристо Василески“ број 10 во Прилеп.
Од куќата ја изнела нејзината сосетка кога видела густ чад од приземјето.
-Од соседната куќа ме викнаа дека има пожар и чад. Се стрчав и ја извадов жената надвор. Внатре се беше обвиено со чад. Не знам што се случило. Жената која има склероза само викаше дека телевизорот ќе и се запали. Се јавивме во противпожарната единица, тие веднаш дојдоа како и Итната помош, вели сосетката Катерина Гегоска.
Противпожарната единица веднаш реагирала. Пожарот за брзо е изгаснат кој, според првичните сознанија, избувнал во приземјето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
