-->
-->
Во Прилеп јавна расправа за новиот законот за тутун
-->

Наместо на 10 април како досега, тутунарите да го добиваат семенскиот материјал 15 дена порано, на 25 март, предвидува новиот закон за тутун што денеска беше на јавна расправа пред здруженијата, научните институции, стопанските комори и откупувачите во Прилеп.
Расправата ја организираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Институтот за тутун.
Според ресорниот министер Михаил Цветков, новиот предлог доаѓа откако досегашниот закон од 2006 година претрпе преку 50 отсто измени.
- Со новото предлог-решение го менуваме календарот за тутунопроизводство по барање на тутунарите, за навреме да ја почнат сеидбата на тутунот. Што се однесува до откупувачите, тие со постојниот и новиот закон се должни да обезбедат средства за откупот. Сега, откако целиот процес на производство се води компјутерски, може да ги обезбедуваат парите парцијално, додека откупуваат и плаќаат, а ќе продолжат со откуп откако ќе ги обезбедат другите средства, објасни Цветков.
Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, понуди осум прдлози кои беа прифатени.
- Предлозите нудат поголема заштита на производителите, доближување до откупните компании, толерантност во откупот и во исплатата на тутунот. Откупот ќе трае до крајот на февруари, наместо до 15 март. Мострите ќе бидат готови до 15 ноеври, за потоа да може да почне откупот. Реално, реколтата може да тежи до 20.000 тони, па ќе има поголема побарувачна на тутун што може да влијае на повисока откупна цена, рече претседателот на Сојузот Данчо Милески.
Битно е, додаде, што откупувачите треба да авансират 15 отсто во откупот, со пари или репроматеријали, а за непочитување има казнени одредби.
- Тутунарите ќе имаат сигурна исплата на тутунот, авансирање на производството, семенскиот материјал ќе го добијат порано за да се добие поголем квалитет на реколтата, нагласи Милески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
