Македонија
14. October 2017 - 9:29

Во Прилеп денеска гласаат 221 болни и изнемоштени лица

Во рамки на локалните избори денеска своето право на глас го остваруваат болните, изнемоштените и неподвижните лица. Во општина Прилеп, според Општинската изборна комисија, своето право на глас денеска ќе го остварат 221 болно и изнемоштено лице, од кои едно е во куќен притвор. Правото на глас го остваруваат и затворениците во прилепскиот затвор.
 
Во општина Долнени денеска ќе гласаат 26 лица, во Кривогаштани - 36, а во општина Крушево правото на глас ќе го искористат 162 болни и изнемоштени лица. 
 
Утре, недела, на денот на изборите во Прилеп на 142 избирачки места правото на глас ќе го остваруваат  64.924 граѓани запишани во единствениот избирачки список кои ќе избираат меѓу двата кандидати за градоначалник и трите советнички листи. Во Кривогаштани од 7 до 19 часот ќе се гласа на 13 избирачки места каде се запишани вкупно 4 858 избирачи кои ќе се определуваат за еден од двајцата кандидати за градоначалник и за една од трите советнички листи. Во Крушево своето право на глас в недела ќе може а го остварат 8064 избирачи на 22 гласачки места кои ќе одлучуваат за еден од двајцата кандидати за градоначалник и за една од седумте советнички листи. Во општина Долнени 11 520 запишани избирачи ќе гласаат на 40 избирачки места и ќе се определуваат за еден од 7-те кандидати за градоначалник и за една од 9-те советнички листи. 
 
Од општинските изборни комисии во Прилеп, Кривогаштани, во Крушево и во Долнени велат дека подготовките се одвиваат во најдобар ред.