Свет
7. September 2021 - 10:26

Во престрелка во Чикаго ранети седум деца, едно дете загина

Најмалку седум деца се ранети, а едно загина во престрелка во американскиот град Чикаго за време на викендот додека низ земјата се одбележуваше Празникот на трудот, соопшти полицијата на прес-конференција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Четиригодишниот Мишел Мултри двапати бил погоден во главата кога куршумите истрелани пред неговата куќа во населбата Вудлаун на јужната страна на градот влетале низ отворен прозор, јавува „Еј-би-си њуз“.

Шефот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, ги критикуваше „криминалците“, за кои рече дека знаеле дека биле цел и дека ќе предизвикаат одмазда од некои ривалски банди.

„Зошто продолжувате да бидете блиски со младите луѓе - нашите деца? Ние ќе ги повикаме на одговорност сторителите, но зошто живеете криминален живот во кој учествуваат невини четиригодишни деца? Останете подалеку од децата ако сакате да го живеете тој живот“, изјави Браун.

Тој додаде дека невините мали деца не треба да бидат загрозени од криминално однесување.

Полицијата нуди награда од 9.000 долари за информации што ќе доведат до апсење на убиецот на Мултри.

Во престрелките беа ранети околу 50 возрасни лица.