-->
-->
Во Преспа засадени околу 8.000 садници црн и бел бор, костен, даб и орев
-->

Околу 8.000 садници црн и бел бор, костен, даб и црн орев денеска се засадени на местото викано Долги рид во општина Ресен во рамките на 17. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Учество земаа околу 500 ученици од основните и средното училиште во Ресен, вработени во општина Ресен, ЈП „Македонски шуми“, МВР, Здравствениот дом – Ресен и други граѓани.
На оваа локација на површина од 20 хектари предвидено е да се засадат 40.000 садници, од кои остатокот во наредниот период ќе го засадат врабтените во подружницата на „Македонски шуми“ од Ресен.
- Со ова продолжи континуитетот во Преспа секоја година да се засадуваат нови површини со дрвја со што се збогатува шумскиот фонд, изјави градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
