Во пожарите во Лос Анџелес досега загинале 16 лица
До надлежните служби во Лос Анџелес е пријавено дека во неколкуте пожари во градот и околината досега загинале 16 лица, јавуваат денеска американските медиуми.
Пет лица починале во населбата Палисејдс, а 11 во Итон, наведуваат медицинските служби, пренесува Еј-Би-Си Њуз (ABC News).
Во пожарот во Итон досега се изгорени 14,117 ари, а уништени или оштетени се 7,000 објекти.
Шефот на пожарникарите во Лос Анџелес, Ентони Мароне, изјави дека неговите колеги успеале да локализираат само 15 отсто од пожарот во Итон.
Тој предупреди дека метеоролозите предвидуваат силен ветер до среда, што значително ќе ги отежни напорите за гаснење на пожарот.
Во населбата Палисејдс пожарот продолжува да се засилува и опасно се приближил до населбата Брентвуд.
Денеска треба да пристигнат 70 пожарникари од Мексико за да им помогнат на противпожарните екипи кои се борат со пожарите.
Властите во Лос Анџелес вчера соопштија за најмалку 27 уапсени лица во Палисејдс и Итон. Најголем број апсења се извршени поради кражби, грабежи и поседување дрога, пренесува Еј-Би-Си Њуз.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет