Македонија
19. March 2018 - 17:04

Во пожар изгоре викендицата на претседателот на О.К. ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп - се сомнева во политички мотивиран пожар

Синоќа околу 22.30 часот до темел изгоре викендицата на претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески, која се наоѓа во месноста Кула во близина на селото Волково. Ристески денеска истакна дека досега немал никакви закани, немал непријатели, но се сомнева дека пожарот бил подметнат од политички причини. Сомнеж дека пожарот бил подметнат му давало и тоа што во објектот немало ниту струја, ниту други грејни уреди.

- Немам непријатели, никој не ми се заканил, неможам да го посочам прстот во никого, единствено што ми паѓа на памет во овој момент е дека е политичко мотивирано. Аргумент плус е и тоа што во два наврати претходно мојата куќа беше цел на на напади, во моментите кога СДСМ објави дека формира Влада, вечерта мојата куќа беше нападната од хулигании, припадници, членови на СДСМ. Истото се случи и вечерта после локалните избори на 15 октомври вечерта, Петар Ристески, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Преку соопштение денеска од СДСМ ги повикуваа институциите да го расчистат случајот и велат дека наместо да го вперува прстот во СДСМ Ристески требало да погледне во сопствените редови и да расчисти со внатрепартиските натпревари за позиции. На расчистување на случајот повика и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.