-->
-->
Во пожар делумно изгоре пилана во Кавадарци
-->
Во пожар, што избувна синоќа, делумно изгоре пилана во Кавадарци, сместена во поранешниот комбинат “Страшо Пинџур”. Локализирањето на огнот траело 12 часа во текот на ноќта, информираа утрово од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.
- Во гаснењето на пожарот учествувавме со две противпожарни возила и седум пожарникари. На помош ни дојдоа и по едно возило со по двајца пожарникари од неготинската противпожарна служба и компаниите “Кожувчанка” и “Фени”, соопштија од противпожарната единица.
Оттаму нагласија дека среќа во несреќа е што не се дозволило огнот да се прошири и на соседните објекти во тој индустриски дел од градот. Засега не се познати причините за пожарот и висината на материјалната штета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари