Во подружницата на „Македонски шуми“ во Делчево ќе се продава буково огревно дрво
Делчевската подружница на „Македонски шуми“ согласно планот и програмата за работа ќе изврши сеча на 9.300 метри кубни огревно дрво бука и 3.600 кубни метри техничко дрво.
Директорот на „Голак“, Јордан Димитровски изјави дека годинава жителите на Делчево и Македонска Каменица ќе можат да се снабдат само со буково огревно дрво од шумскиот плац.
- Како јавно претпријатие не смееме да работиме како сакаме, туку онака како што е предвидено по планот за стопанисување со шуми. Од тие причини, предвидени се за сеча само деловите каде има бука. Ги повикувам граѓаните на разбирање, доколку сакаат даб, да се снабдат навреме од приватните производители од стоваришта, истакна Димитровски.
Тој ги повика граѓаните кои редовно се снабдуваат со огревно дрво од шумскиот плац да дојдат до јавното претпријатие за да потпишат договори за испорака.
- Повикот трае до 31 март, а на физичките лица им се дава можност побараните количини на огревно дрво да ги платат на шест рати, а семејствата во социјален ризик, да донесат соодветна потврда и ќе можат да извршат плаќање на осум рати, а доколку платат во готово имаат попуст од 10 отсто, нагласи Димитровски.
За две недели во јануари, ниските температури неколкукратно ја зголемија побарувачката на дрва од шумскиот плац, односно граѓаните купуваа 60 метри кубни јасика за греење. Цената на огревното дрво и оваа година не е променета, односно за прва класа бука изнесува 2.512 денари за метар просторен, додека трета класа е 2.000 денари.
Жителите на Македонска Каменица и Делчево годишно за огрев трошат околу 20 илјади метри кубни огревно дрво од приватни и државни шуми.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка