Во подметнат пожар уништени докази за терористите од Брисел и Париз
ДНК примероци поврзани со терористичките напади во Париз и Брисел, се уништени при подметнат пожар во Центарот за криминалистика и криминологија во белгискиот главен град, објавија денеска локалните медиуми.
Пожарот во лабораториите се случи 29 август, но досега не беа соопштени детали за предизвиканата на штетата.
Според белгиските медиуми, уништени се шест од вкупно 10 лаборатории во Центарот.
Правниците оценуваат дека уништувањето на доказите ќе го стави Судот пред тешки одлуки. Ако примероците беа делумно оштетени, Судот можеше да побара повторна анализа.
Но, сега судиите треба да проценат дали да ги земат предвид податоците од веќе направените анализи.
Медиумите посочуваат, дека уништените ДНК примероци веќе биле тестирани и дигиталните копии од нив биле внесени во сервер, кој не се наоѓал во запалените простории.
Меѓу материјалите се наоѓале докази за лицата кои се поврзани со нападот во Еврејскиот музеј во Брисел, како и докази за извршителите и соучесниците на нападите во Париз и Брисел во последните две години.
Ново на Сител
-
Активни се 9 пожари – гасењето е од земја и од воздух стигна помош од Турција
-
Берово и Штип дел од проектот „Зелена образовна транзиција“
-
Четворицата тинејџери во стабилна состојба - сопственикот на куќата во притвор
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Галичка свадба
-
Синдикатот на Клинички со поддршка - Медицинската сестра од Детска утре пред Комисија
-
Неуспешен обид за атентат врз Трамп
-
Македонскиот државен врв со осуда за обидот за атентат врз Трамп