Македонија
15. July 2024 - 12:11

Берово и Штип дел од проектот „Зелена образовна транзиција“

Берово и Штип се двете општини од источниот плански регион каде се имплементира проектот „Зелена образовна транзиција“, односно , поставување на сончеви панели на крововите од училишните згради. Градоначаликот на Штип, Иван Јорданов најави дека во следниот период фотоволтаици ќе се постават на зградата на општината и на филтер станицата, со што ќе се заокружи зелената трансформација.

  • Ќе се даде еден позитивен пример не само преку зачувување на животната средина, туку и унапредување на состојбите во рамки на самите институции. Сите оние заштеди кои ќе се генерираат истите тие да бидат и да се даде позитивен пример во оваа насока, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Фотонапонски панели се инасталираат и во Берово, а веќе се поставени на Пречистителната станица за отпадни води која е регионалнална за Берово и Пехчево, и на две училишта.

  • Имаме веќе отпочнато инвестиции во тој поглед, секако, благодарение на партнерите, донаторите кои ни овозможуваат  и општина Берово да биде дел од енергетската транзиција што е мошне важна во последните неколку години поради високата цена на електричната енергија. Секако, тоа ќе влијае и на зачувувањето на животната средина, изјави Ѕвонко Пекевски, градоначалник на Берово

Поради традиционалниот начин на загревање на домовите со огревно дрво, во зимскиот период мерната станица во Берово бележи висока концентрација на ПМ честички во воздухот.