Во Перу ослободени 54 луѓе по повеќе децениско заробеништво

Перуанските безбедносни сили во петокот спасија 54 луѓе од заробеништво на бунтовничката група „Светла стаза“. Меѓу ослободените има и деца, објавија денеска медиумите во Перу.
Шефот на антитерористичката полиција генерал Хосе Баеља изјави дека некои од ослободените биле во заробеништво од 20 до 30 години. Тие во најголем број се домородци од групата Ашанинка од Пуерто Окопа и околните градови.
Генерал Баеља посочи дека жените биле користени за да раѓаат деца-војници за герилците и да работаат по полињата. Најстарото од 34. деца има 14 години.
Заробениците живееле во различни логори во местото познато како Сектор пет во провинцијата Хунин.
Двајца млади дезертери од Светла стаза кои побегнале од логор ја алармирале полицијата. Од такви кампови мината година беа спасени вкупно 70 луѓе.
Според аналитичарите Светла стаза нема повеќе од 200 борци. Групата последните години значително е ослабена откако е уапсен главниот командант Артемио во 2013 година, а следната година се убиени двајца лидери.
Последното засолниште на Светла стаза беше во близина на главниот перуански регион за производство на кокаин - долината Апуримак, Ене и долината на реката Мантаро.
Минатата година двајца лидери на Светла стаза, браќата Виктор и Хорхе Киспе Паломино беа обвинети во САД поради здружување со нарко тероризмот.
Ново на Сител
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
-

Дрога пронајдена при претрес во Прилеп, приведен 47-годишен прилепчанец
-

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност
-

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари
-

Ердоган го повика Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите
-

Најмасовен украински напад врз Москва и Московската област во последните две години
-

Москва и се закани на Велика Британија со „последици“ поради британските дронови користени за напади на руска територија
