-->
-->
Во Пехчево утре ќе се прска против комарци
-->

Теристичко прскање против комарци ќе се врши во Општина Пехчево и околните населени места, утре во раните утрински часови.
Љупчо Каракашев, советник во ЛЕР и одговорно лице за реализација на програмата за заштита на населението во Општина Пехчево, денеска информираше дека со ова прскање ќе се реализира третата редовна акција за прскање против возрасни комарци со цел превенција од векторски преносливи заболувања и заштита на населението.
- Границата на третирање започнува од северозапад од атарот на селоЧифлик и течението на река Писа во правец на Пехчево, притоа опфаќајќи ги сите зелени површини во градот, сообраќајници, места за одмор, протечни, стоечки води и сл. Од градскиот стадион и градските гробишта третирањето ќе продолжи во насока на север, североисток кон м.в. Елата и село Негрево. Во насока на југ и југозапад третирањето ќе се спроведе во индустриската зона за мало стопанство, кон месноста Бодовица и градската депонија, рече Каракашев.
Тој упати апел до пчеларите од Пехчево и околните места во периодот на третирањето да ги обезбедат своите пчелни кошници заради избегнување на можноста од негативни влијанија, односно да се погрижат за безбедноста на пчелните семејства.
Каракашев потенцираше дека доколку има потреба, во текот на ова лето ќе биде организирано уште едно прскање против комарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
