Во Пехчево се доделуваат картички за зелена нафта
Во присуство на претставници од Министерството за земјоделство денеска во пехчевското село Црник почна распределбата на персонализираните платежни картички за набавка на „евродизел“ за земјоделска механизација.
За оваа мерка, со која државата субвенционира 30 отсто од трошоците за гориво, за земјоделците од беровскиот и пехчевскиот регион, како што информираа од секторот земјоделство во Пехчево, се издвоени два милиона денари.
-Со оваа мерка во пехчевскиот регион се опфатени околу 300 земјоделци. За да не бидат изложени на дополнителни трошоци, решивме картичките на земјоделците да им ги доделиме лично и затоа акцијата ја спроведуваме на терен во село Црник. Денеска тоа го ќе го направиме и во неколку останати населени места во пехчевско, истакнаа од Подрачната единица на МЗШВ.
Според Мустафа Дуровски, претставник на Општина Пехчево, радува фактот што и лица од ромска и турска националност од село Црник кое е село со мешовит состав на населението, ќе добијат картички за зелена нафта.
-За поздравување е податокот дека во нашата општина, имаме Роми и Турци кои се регистрирани земјоделци и воедно корисници на сите поволности кои ги нуди Владата што секогаш е добро за почнување сопствен бизнис, изјави Дуровски.
Лицата кои денеска не беа на местото каде што се делеа картичките, ќе можат да ги подигнат во Подрачната единица во Пехчево.
Ново на Сител
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не се заборава штетата што ја нанесе СДСМ