Во Пехчево досега легализирани околу 300 објекти
Во Пехчево досега се легализирани околу 300 објекти, претежно доградби и помошни објекти, но остануваат 400 нерешени барања за легализација на дивоградби.
Јован Бојчевски од Одделението за урбанизам во општна Пехчево информира дека кај странките кои немаат интерес за легализација на објектите, процесот оди бавно.
- Некои од овие 400 барања стојат уште пред пет години, едноставно, граѓаните не се заинтересирани да донесат елаборат. Ако го достават елаборатот, ние веднаш ќе им ја завршиме постапката. Продолжениот рок за доставување елаборати истекува до 31 декември. Досега до нас нема стигнато информација дали ќе има продолжување на рокот, потенцира Бојчевски.
Тој ги повика граѓаните да го испочитуваат овој рок за доставување елаборат за да си ги запишат нелегално изградените објекти бидејќи во спротивно овие објекти или ќе се уриваат или нема да можат да бидат предмет на оставина, на купопродажба, односно ќе нема за него имотен лист.
Ново на Сител
-
Шеќеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!
-
Најзагадениот град во светот ги полни амбулантите со пациенти
-
Врсничкото насилство е најчесто меѓу основците, оваа година стигнале 30 претставки до омбудсманот
-
Хаос во јавните претпријатија во Скопје