Во Парагвај запленети рекордни четири тони кокаин наменет за Европа
Властите во Парагвај пријавија најголема заплена на дрога во земјата до сега, конфискувајќи над четири тони кокаин, јави ДПА.
Парагвајските безбедносни сили ја откриле дрогата скриена во вреќи со шеќер во контејнер во пристаништето на главниот град Асунсион, на пат за Антверпен во Белгија, соопшти агенцијата за борба против дрога Сенад.
Запленетиот кокаин се проценува на околу 220 милиони евра (240 милиони долари), се вели во соопштението.
Европа, заедно со САД, е најголемиот пазар за кокаин кој потекнува од јужноамериканските земји Колумбија, Перу и Боливија.
Патот до Европа преку Парагвај, Аргентина или Бразил се зголемува по значење, според неодамнешната проценка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал.
На европските пристаништа минатата година беа запленети над 300 тони кокаин, со рекордни 121 тон конфискувани само во Антверпен, што укажува на зголемување од 10 отсто во однос на претходната година.
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје
-
25-годишник нападнат во Аеродром од три лица - му се заканиле и со пиштол
-
Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат
-
Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ
-
УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец
-
Советот за безбедност во полн состав, Сиљановска ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови
-
Бугарскиот амбасадор повикан во МНРНТ, побарано дополнително објаснување
-
Во Велес и велешко за една година евидентирани 73 жртви на семејно насилство