-->
-->
Во овие пет хороскопски знаци се раѓаат најпаметните луѓе
-->
На оваа златна петорка не ѝ е потребно дури ни друштво, бидејќи нивниот ум им е најдобар пријател. Изгледаат како многу мистериозни, но тоа е воглавно затоа што работат на брилијантни идеи и планови.
1. Водолија
Овој хороскопски знак е најмногу поврзан со филозофија. Водолиите често ја воодушевуваат околината со иновативен пристап на решавање на проблемите, а во животот чекорат со мисла дека сѐ е остварливо.
2. Шкорпија
Шкорпиите се многу чувствителни и ги обземаат турбулентни емоции. Секојдневно на себе, но и на другите им поставуваат разни интелектуални прашања, а не им е непозната ниту моќта да создадат динамика во друштвото, односно да разбијат монотонија.
3. Близнаци
Луѓето родени во знакот Близнаци, одлично се снаоѓаат во друштво, бидејќи, исто како Шкорпиите, совршено ја проценуваат друштвената динамика. Најмногу ги интересираат социолошки и политички прашања, а нивната извонредна моќ за планирање ѝ носи нова димензија на ситуацијата.
4. Вага
На вагата најважни ѝ се хармонијата и естетиката. Најчесто размислуваат за влијанието на уметноста на општата благосостојба на човекот, а секојдневно низ глава им се „мотаат“ и прашања за правда и социјални проблеми.
5. Рак
Раковите се најчувствителен хороскопски знак, а тој фактот ги врзува со непрестајно размислување за животните прашања. Многу често го забележуваат она што другите не можат, а кога се најдат во општ хаос, реагираат подобро од било кој друг знак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска